Швајцарскиот Парламент го блокира испраќањето оружје од швајцарско производство во Украина

Оние кои беа за исклучок тврдеа дека Швајцарија треба да обезбеди поголема поддршка за Украина и да придонесе за европската безбедност.

Швајцарскиот Парламент одби да дозволи испраќање оружје од швајцарско производство во Украина.

Мнозинството пратеници доцна синоќа гласаа против предлогот подготвен од Комисијата за безбедносна политика на швајцарскиот Парламент.

Таканаречениот „Лекс Украина“ би им дозволил на другите земји да ја снабдуваат Украина со воен материјал од швајцарско производство.

Законите на неутрална Швајцарија забрануваат поддршка за земјите вклучени во воените акции. Досега ова оправдување се користеше и за забрана за пренос на тенковска муниција во Украина, која Швајцарија ѝ ја продаде на Германија пред многу години.

Германија постојано бараше дозвола за снабдување на Украина со муниција од швајцарско производство. Во Данска има швајцарски тенкови кои земјата би сакала да ѝ ги предаде на Украина. И Шпанија сака да испрати швајцарски противвоздушни топови таму како поддршка.

Оние кои беа за исклучок тврдеа дека Швајцарија треба да обезбеди поголема поддршка за Украина и да придонесе за европската безбедност.

Противниците, вклучувајќи ги Зелените и конзервативците, стравуваа од нарушување на неутралноста и премногу блиско приближување со НАТО.