Турската лира падна на историски најниско ниво во однос на американскиот долар

Турската валута во вторникот достигна најниско ниво во однос на американскиот долар, тргувајќи се за 29,70 лири за долар.

Економистот Алатин Акташ за дневниот весник „Џумхуриет“ изјави дека се очекува курсот на доларот да се зголеми на околу 40 лири за долар во текот на 2024 година.

Инфлацијата во Турција во ноември достигна 61,98 отсто. Турскиот институт за статистика се очекува да ги објави официјалните податоци за инфлацијата за 2023 година во среда [денес].

Турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за 250 базични поени на 42,5 отсто во декември за да ја спречи девалвацијата на лирата и да ја скроти постојано високата инфлација.