Турскиот противпожарен хеликоптер „Нефес“ спремен за заштита на националните шуми на југозападот од земјата
Хеликоптерот, кој беше именуван од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган, има брзина на крстарење од 222 километри на час, а неговата максимална брзина достигнува до 358 км на час
Противпожарниот хеликоптер „Нефес“, купен од Дирекцијата за шумарство на Туркије од производителот, Турската аеровселенска индустрија (ТАИ), е подготвен да ја врши својата работа за заштита на националните шуми во југозападната турска област Мугла.
Хеликоптерот, кој беше именуван од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган, има брзина на крстарење од 222 километри на час, а неговата максимална брзина достигнува до 358 км на час.
„Нефес“ може да испушти до 2,5 тони вода истовремено, и е опремен да учествува во пребарување и спасување, како и во гаснење пожари.
„Нефес“ е првиот противпожарен хеликоптер во инвентарот на Управата за шумарство.