ТУРЦИТЕ И ГРЦИТЕ ПОЛУДЕА ПО СРПСКАТА ВОДИТЕЛКА: СЕ РАЗГОЛИ И ЈА РАЗГОРЕ ИМАГИНАЦИЈАТА, ЖЕНАТА ГРМИ НА 47 ГОДИНИ

Атрактивната водителка се уште е мистериозна за приватниот живот.

Водителката Ирина Вукотиќ (47) со години е едно од омилените ТВ-личности, а многумина ја паметат од периодот кога ја водеше една од првите реалити програми на нашите простори „Големиот брат“.

По емитувањето на ова шоу, атрактивната водителка влезе во емотивна врска со еден од учесниците на тоа реално шоу, Сава Радовиќ , со кој ја доби ќерката Искра (14).

Двојката набрзо ја круниса врската со брак, но по извесно време се разведоа, а Ирина го врати моминското презиме.

Поминаа години откако првпат се појави на малите екрани, а водителката не се промени многу за неполни две децении.

Ирина неодамна замина на одмор, а изгледа реши да се забавува и одмори во вистинска смисла на зборот. Најпрво ја посети Турција, каде што престојуваше во Анталија, а остатокот од одморот го поминува во Грција.

Убавата водителка реши да ги почести своите фанови кои на Инстаграм ги има 51.000 со фотографии од одморот и тие по правило секогаш добиваат низа пофалби, додека посилниот пол посебно се радува на нејзините објави.

Вукотиќ објави фотографија во бел фустан од тантела кој ги спуштил рамениците и открива дел од градите. На фустанот додаде појас во боја на кожа, кој дополнително го истакна нејзиниот инаку тенок струк, а целиот стајлинг го заокружи со сламена шапка, кремаста чанта и бели влечки.

– Аморе – напишала накратко водителката која решила да остане таинствена за нејзиниот моментален љубовен живот, а она што ги заинтригирало некои следбеници е кој ја фотографира убавата Ирина на плажите во Турција и Грција.