Турција бесна: Милитанти убиле 12 војници, започна голема воена акција, гори северот на Ирак (ВИДЕО)

Турското Министерство за одбрана започна голема воена операција против Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, откако беа убиени 12 војници.

Шест турски војници беа убиени во северен Ирак во напад на милитантите на ПКК во саботата вечерта. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Анкара нема да толерира присуство на „терористички ентитети“ во северна Сирија и Ирак.

Турското Министерство за одбрана наведува дека шест војници претходно биле убиени, а еден ранет во конфликт со милитантите на ПКК. За време на судирите, според министерството, биле убиени 13 милитанти.

„Се спроведуваат ненадејни воздушни операции против идентификувани цели“, соопшти турската војска на социјалните мрежи.

Вооружениот конфликт меѓу армијата и Работничката партија на Курдистан започна во Турција во 1984 година и продолжи во 2015 година.

На северот на Ирак има бази на ПКК, против кои турските вооружени сили спроведуваат воздушни и копнени операции.

Присуството на турски војници во кампот Зликан, североисточно од Мосул, долго време е извор на расправии меѓу Багдад и Анкара, што го оправдува присуството на војската како неопходно за борба против забранетата ПКК.