Ужас во Зрењанин: Извлечено тело од Бегеј

Непознатиот маж носел фармерки и тексас јакна

Тело на маж е пронајдено попладнево на Бегеј во Зрењанин.

Според првите информации, граѓани пријавиле дека на површината на реката плови тело на непознат маж.

Пожарникарите и неколку полициски патроли веднаш излегле на терен, а телото го извлекле на брегот.

Мажот кој бил извлечен од водата бил облечен во фармерки и тексас јакна.

На лице место се врши увид.

Засега не се знае кој е мажот и како завршил во реката.