– Министерството за надворешни работи на Турција го осуди интензивирањето на активностите на израелските институции во врска со нелегалните населби, како и плановите за изградба на населби во 19 области на Западниот Брег.
Министерството во пишано соопштение во врска со израелските нелегални населби на окупираната палестинска територија ги осуди плановите на израелските власти за изградба на дополнителни населби.
Турција ги осуди плановите на израелските власти да ги зголемат активностите поврзани со нелегалните населби и да изградат 4.500 нови нелегални станбени единици во најмалку 19 области на Западниот Брег.
Како што беше истакнато, неприфатливи се чекорите на израелската Влада што сериозно ги поткопуваат темелите на траен мир и целосно се против меѓународното право и утврдените параметри на Обединетите нации.
„Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите за дводржавно решение, кое има цел да воспостави географски интегрирана, независна и суверена палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со главен град Источен Ерусалим (Кудс)“, се заклучува во соопштението.