ТУРЦИЈА ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА – Реџеп Таип Ердоган испрати порака до нацијата по повод 100 години модерна држава

Во Турција денес со низа настани, програми и активности се одбележува Денот на Републиката и 100 години од формирањето на модерна секуларна држава.

Претседателот на ТурцијаРеџеп Таип Ердоган, во честитката објавена на социјалните мрежи истакна дека на овој ден се одбележуваат сите турски херои, особено основачот на Република ТурцијаМустафа Кемал Ататурк, кој, како што истакна, „несебично се борел да ја добиеме војната за независност и оваа земја да стане наша татковина“.

Ќе продолжиме да работиме со сите сили за да ја издигнеме Република Турција, која ја основавме со висока цена пред 100 години, над нивото на современите цивилизации, со чувства на заедница, солидарност и братство“, порача Реџеп Таип Ердоган.

Денес, Денот на Републиката се слави низ цела Турција, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон, до Газиантеп и Кахраманмарас, јавуваат турските медиуми.

По тој повод, делегацијата предводена од Реџеп Таип Ердоган го посети Аниткабир, музејот на Мустафа Кемал Ататурк.

По тој повод, Реџеп Таип Ердоган во книгата на впечатоци напиша дека Турција е побезбедна од кога било досега и дека е во сигурни и компетентни раце.

Во Турција, националниот празник Ден на Републиката се слави во спомен на прогласувањето на Република Турција во 1923 година.

Републиката ја прогласил воениот водач Мустафа Кемал Ататурк, кој бил избран од Големото национално собрание на таа земја за прв претседател на модерна Турција.