Сите го сакаат чипсот а ретко кој ја знае приказната за неговото настанување: Создаден е пред 170 години, а причината е одмазда на еден готвач! (фото)

Денес, чипсот е една од најомилените закуски за луѓето ширум светот, а малкумина знаат како настанале. Зад создавањето на оваа закуска се крие неверојатна приказна за одмазда, а сето тоа е виновен на еден готвач, Џорџ Спек.

На 24 август 1853 година, еден индиски готвач го испече првиот чипс во близина на Саратога Спрингс, Њујорк. На готвачот го налутил еден гостин кој се пожалил дека неговите пржени компири се премногу дебели. Во знак на одмазда, фрустрираниот готвач ги исекол компирите многу тенко и ги пржел толку долго што компирите се распаднале кога ги боцнал со вилушка.

Дури рекол дека намерно ја пресолил ппрцијата наменета за неговиот гостин. Меѓутоа, храната толку му се допаднала што веднаш нарачал уште една порција. Наместо одмазда, создадена е закуска која ја сакаат луѓето ширум светот!

Рецепт за чипс

1.Загрејте ја рерната на 200 степени;

2.Измијте ги четирите компири, излупете ги, исечете ги на тенки парчиња, исцедете ги и избришете ги со крпа;

3.Се ставаат во плех обложен со хартија за печење, се прелива со масло, сол, се зачинува со мелен бибер и се меша;

4.Наредете ги во еден слој и печете во рерна 45 минути со повремено вртење.