ТУРЦИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА – Министерот за надворешни работи потврди: “Шведска нема да добие поддршка за влез во НАТО!“
„Турција нема да попушти под притисок и ќе се спротивстави на приемот на Шведска во НАТО, доколку тоа е товар за Северноатлантската Алијанса“, изјави во вторник турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
„Турција не одобрува да се врши притисок. Ние сме принципиелни. Прашањето дали приемот на Шведска во НАТО е товар или предност во стратешка и безбедносна смисла се повеќе е предмет на дискусија“, изјави Хакан Фидан, повикувајќи ја Шведска да ги „исполни своите задачи“ за да може да се приклучи на НАТО, пренесуваат турските медиуми.
Изјавата доаѓа седум дена пред самитот на НАТО на 11. и 12. јули во Вилнус.
Во четврток во Брисел треба да се одржи состанок меѓу Шведска и Турција, на кој ќе се соберат министрите за надворешни работи, директорите на разузнавачките служби и советниците за национална безбедност.
Анкара, која го блокира влезот на Шведска во НАТО од мај 2022 година, ја критикуваше Шведска минатата недела по палењето на Куранот во Стокхолм, што шведската Влада „жестоко го осуди“ и го опиша како „исламофобичен“ чин.
Турција, единствената од 31-та земја-членка на НАТО, покрај Унгарија, која не го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО, го обвинува Стокхолм дека е попустлив кон курдските милитанти кои најдоа засолниште во земјата и покрај тоа што неодамна спроведоа неколку реформи по ова прашање.