Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го пречека ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал Судани со официјална церемонија во главниот град Анкара.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го пречека ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал Судани со официјална церемонија во главниот град Анкара.
„Ердоган и Ал Судани ќе одржат средба во Претседателскиот комплекс, по што ќе следуваат состаноци на делегациите и заедничка прес-конференција“, соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција.
Се додава дека лидерите ќе разменат мислења за односите меѓу Турција и Ирак, борбата против тероризмот, обновата на Ирак и заедничките чекори кон подобрување на соработката, особено во областа на трговијата и енергетиката.
Тема на разговор ќе бидат регионалните и глобалните прашања.
Се очекува на средбите да бидат потпишани повеќе договори што ќе придонесат за договорна основа на билатералните односи.
Турција силно го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Ирак.