Турција испорачува хаубици „Боран“ од 105 мм во Северна Македонија

Турските хаубици БОРАН од 105 мм беа испорачани во Македонија минатата недела, додека нивната официјална промоција ќе се одржи следниот месец.

Деталите од договорот не можат да се откријат, вели Мисајловски, бидејќи е класифициран.

Информацијата дека Македонија стана првата европска земја што ги доби турските хаубици БОРАН од 105 мм ја објави турското Министерство за одбрана.

„Честитки до сите што придонесоа за овој успех, што е од големо значење со оглед на тоа што ова е прв извоз на наши хаубици во Европа“, се вели во соопштението на турското министерство.

Договорот за испорака на хаубиците беше потпишан на 21 декември 2022 година, а тие беа испорачани заедно со соодветната муниција.

БОРАН се смета за најлесната хаубица во својата класа и може да се транспортира со хеликоптер, што ја прави особено погодна за мобилни операции. Има дострел до 17 километри и може да се распореди за една минута.