Комесарот за проширување и соседство на Европската унија, Оливер Вархеји, истакна дека европските институции и земјите-членки на ЕУ собрале повеќе од половина од вкупно седум милијарди евра собрани на Меѓународната донаторска конференција на Европската унија (ЕУ) за поддршка на Туркије и Сирија по минатомесечниот силни земјотреси.
Тој истакна дека собирањето на средствата ќе пружи значајна помош на турските партнери и сојузници додека се концентрираат на своите напори за реконструкција.
„Ова е исто така многу силна политичка приврзаност и емоционална посветеност. Земјата и нејзиниот народ секогаш можат да сметаат на Европа, не само во време на неволја“, додаде Вархеји, пишува ТРТ Балкан.
На донаторската конференција министерот за надворешни работи на Туркије Мевлут Чавушоглу рече дека виделе огромна солидарност и великодушност на меѓународната заедница.
„Спасувачките тимови од целиот свет се изложија на ризик за да ги спасат жртвите. Благодарни сме. Никогаш нема да ги заборавиме рацете на помош на нашите пријатели“, рече тој.
Шведскиот министер за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Јохан Форсел, истакна дека Шведска, која го презеде претседавањето со Советот на ЕУ на 1 јануари, веднаш реагираше кога земјотресот ја погоди Туркије на 6 февруари, за да им се олесни состојбата на погодените од земјотресите.
„Денес го видовме резултатот на нашата заедничка иницијатива“, додаде тој.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец ја погодија јужна Туркије се искачи на 50.096, потврди Управата за вонредни ситуации (АФАД), а повредени се 107.204 лица.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије беа погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.
Во соседна Сирија загинаа најмалку 4.500 лица, а повеќе од 8.700 се повредени.
По меѓународната донаторска конференција на заедничката прес-конференција со високите претставници на ЕУ и Шведска, Чавушоглу рече дека Туркије очекува од Шведска да спречи собирање средсрва, регрутација и пропаганда на терористичките групи на своето тло.
„Ги поздравуваме позитивните чекори што ги презеде Шведска, но тие и понатаму недостасуваат“, рече Чавушоглу.
Чавушоглу рече дека Туркије нема проблем со пристапувањето на Финска, но дека и НАТО и нордиските земји сакаат да ги третираат Шведска и Финска подеднакво. Туркије во петокот објави дека во парламентот ќе го одобри процесот на ратификација на членството на Финска во НАТО.
Тој го повтори ставот дека Туркије поддржува политика на отворени врати на НАТО.
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО минатиот мај, напуштајќи го децениското воено неврзување, одлука поттикната од војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.