Туск највлијателна личност во Европа

Во 2023 година за највлијателна личност во Европа е избран опозицискиот лидер и најверојатно новиот премиер на Полска, Доналд Туск, кој Политико го опишува како „ветер на промени“.

Според Политико, враќањето на Туск на власт може позитивно да влијае на влошените односите на Полска со Германија и Франција, додека тоа „може тешко да му падне на унгарскиот премиер Виктор Орбан“, бидејќи тој би изгубил еден од своите најважни партнери.

За „извршител број 1“ на листата на Политико е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

– Мелони почна да спроведува уставни реформи кои значително ќе ги зголемат овластувањата на премиерот … Мелони направи најмногу изненадувања во надворешната политика, истакнува Политико.

Во третата категорија „попречувачи“ на прво место е првото место е претседателка на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина. Таа е опишана како „банкарката на Путин“.

– Набиулина ја одржува воената машина на рускиот претседател Путин. Таа постојано ја штедеше рубљата и ја одржуваше економијата на земјата. Во тој процес, банкарката на Путин успеа да ги спречи ефектите од невидените западни санкции дизајнирани да ја испразнат касата на Кремљ, истакнува Политико.

Покрај Набиулина, на списокот се најдоа и Виктор Орбан, Карлес Пучдемон, Аналена Бербок.

Додека прв на листата „сонувачи“ е претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е споредуван со Винстон Черчил и Нелсон Мандела.