Тухел за поразот од Вердер: Баерн одигра слабо, заслужен пораз

– Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел е незадоволен од поразот на неговиот тим денес од Вердер Бремен (0:1) во Бундеслигата.

– Веќе сум уморен да кажам дека трениравме добро. И онака никој не верува. Треба да им поставуваме прашања на играчите. Не одигравме добро. Поразот беше заслужен, изјави главниот тренер на Баерн на „DAZN“.

Актуелниот германски фудбалски шампион заостанува седум бодови зад Баер Леверкузен по завршувањето на 18. коло.

На 24 јануари, Баварците ќе играат заостанат натпревар од 13. коло со Унион Берлин.