Уапсена е мајката од пеколот: Го оставила своето 16-месечно дете само дома и заминала на одмор, а кога се вратила затекнала грозоморна сцена

Кристел Канделарио од Кливленд, Охајо, е обвинета за убиство откако ја оставила својата 16-месечна ќерка сама во станот за да оди на одмор.

Во своето соопштение полицијата наведува дека триесет и едногодишната Кристел Канделарио од 8 до 16 јуни била на одмор во Порторико и Детроит.

Кога се вратила дома минатиот петок, забележала дека нејзината ќерка не дава знаци на живот.

Инспекторите рекоа дека девојчето било екстремно дехидрирано.

Дали мајката се надевала дека ќе го најде детето живо?

Соседите за медиумите изјавиле дека ќе биле подготвени да го заштитат детето доколку некој го побарал тоа.

Една од нив рече дека Кристел не е добра мајка и дека за девојчето најчесто се грижела нејзината баба.

– Мајката на бебето само сакаше да излезе, а ќерката најчесто ја оставаше кај баба и’ – рече таа.

Лекарите објавија дека девојчето починало на 16 јуни, но не сакаа да ја откријат причината за смртта.

Сè уште не е познато каде е таткото на несреќното дете.

Полицијата соопшти дека мајката моментално е во притвор и дека нејзината обврзница била одредена на 1 милион долари на сослушувањето во вторникот.

Следното рочиште е закажано за крајот на јуни.