УАПСЕНИ! МОНСТРУМИ ДРОГИРАЛЕ ДЕВОЈКА: Ја однеле во стан, ја натерале да зема опијати и направиле грозоморна сцена

Девојчето на крајот починало од предозирање.

Полицијата во Москва уапсила двајца млади момчиња под сомнение дека принудиле девојка (15) да се дрогира, по што малолетната починала .

Осомничените, на возраст од 18 и 32 години, наводно и се познати на полицијата за продажба на наркотици.

Се сомневаат дека на 6 август ја донеле девојката во нивниот стан во Москва и ја принудиле да се дрогира. Девојчето во одреден момент изгубило свест, по што постариот панично ја грабнал и во раце ја однел во Итната помош.

Кога стигнал во болница, срцето на девојчето престанало. И покрај напорите на лекарите, малолетната девојка починала, а полицијата веднаш го привела младиот човек на распит.

Тој во полиција тврдел дека на улица пронашол непозната материја и дека решил да ја проба со уште еден и двајца малолетници кои ги познавал од порано . На еден од нив, како што рече, во одреден момент му се слошило. Тврдел дека имала чуден напад, по што останала во несвест, по што на раце ја однел во болница.

Полицијата потоа го приведе неговиот пријател и двајцата се приведени. Во овој момент не се знае дали навистина со нив имало уште една малолетничка и ако има каде е таа.