Во Скопје денеска почнува четвртата фаза од теренска дезинсекција против комарци

Во регионот на град Скопје од денеска до петок во периодот од 22 до 3 часот ќе се спроведува четвртата фаза на теренска дезинсекција против комарци, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, истиот ќе се прска наредниот ден, кога ќе бидат поволни атмосферските услови, истовремено.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелите“, нагласуваат од Град Скопје.