Уапсени 7 педофили за сексуална експлотација на деца од три до 14 години: Договорани средби со деца, грозоморни содржини пронајдени во станови (ВИДЕО)
Во акцијата Армагедон полицијата уапси седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац. Истите се сомничат дека преку социјалните мрежи влегувале во комуникација со малолетници од сопствени и лажни профили, праќале фотографии и видео снимки од порнографска содржина и прибавиле содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарале средба со малолетници за сексуален однос, јави дописникот на МИА од Белград.
-Се сомневаат дека подолг период со користење специјализирани апликации за споделување датотеки или со користење на специјални претраживачи кои овозможуваат прикривање и анонимност на локацијата, како и преку социјалните мрежи од сопствени и лажни сметки, стапиле во комуникација со малолетници, испраќале фото и видео снимки од порнографски содржини и добиени содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарање на средба со малолетници за сексуален однос, соопшти МВР.
Во соопштенеито на МВР се додава дека при претрес на становите на осомничените, со увид во компјутерите и компјутерската опрема, пронајдена е поголема количина на видео клипови и фотографии создадени со експлоатација на малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца од три до четиринаесет години. Пронајдени се и други фотографии и видео записи за експлицитна злоупотреба на деца во порнографски цели, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.
За реализација на оваа акција придонесе пристапот до српската платформа „Те чувам“, како и платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (Нечмек) од Соединетите Американски Држави, кој е глобален лидер во помагање за спречување на киднапирања и пронаоѓање исчезнати деца и борба против сексуалната експлоатација на деца на Интернет, на чија платформа директен пристап има Србија, што е единствен случај во регионот.