Уапсен Албанец, водач на опасна криминална група: Србија распиша потерница по него, ,,падна” во Унгарија! Еве со што се занимавал (ФОТО)
Врз основа на оперативните сознанија на српскто МВР, Службата за борба против организиран криминал, унгарската полиција го уапси албанскиот државјанин А.Н.(60), осомничен дека како водач на организирана криминална група организирал шверц на дрога, луѓе и оружје од Албанија, преку Србија и Унгарија до земјите од Европската Унија.
Апсењето кое е извршено врз основа на меѓународна потерница од правосудните органи на Р.Србија е продолжение на акцијата за сузбивање на оваа организирана криминална група која се спроведува во соработка со Јавното обвинителство за Организиран криминал, а во кој неодамна во Србија беше уапсен соорганизаторот на оваа група Е.С.(28) и албанскиот државјанин Л.Б.(58), при што се запленети околу килограм хероин и 50 грама кокаин.
Во рамките на оваа акција српската полиција во јуни годинава на територијата на Петровац на Млава уапси четворица членови на оваа организирана група Г.М., Р.М., С.Х. и М.С., кога пет килограми марихуана, 300 грама кокаин, 1,4 килограми амфетамин, 6,5 килограми смеса лидокаин-парацетамол, две пушки, два пиштоли, самострел, оптички нишан, три рамки за автоматска пушка, неколку стотини парчиња муниција различен калибар, пет уреди за следење, беа земени од повеќе патнички моторни возила.
Исто така, уапсени се и пет лица од албанска националност кои живеат на територијата на А.П. компанија со седиште во АП КиМ.
Припадниците на оваа организирана криминална група ја величеа терористичката организација „ОВК“ на социјалните мрежи и ја пропагираа идејата за независност на Косово. Осомничениот А.Н во наредниот период ќе биде предаден на правосудните органи на Република Србија.