Сара (13) пипувала за дрогата и мажите во таен дневник: Се појавија шокантни детали, пронајдена по 7 дена

Нови страшни детали за случајот со Сара М.(13) која беше пронајдена седум дена откако побегна од дома во Романија излегуваат на виделина. Пронајден е нејзиниот таен дневник во кој пишувала за расправии со родителите, но и за дрога и запознавање со разни мажи.

Според извори од истрагата, девојката живеела бурен живот кој започнал долго пред да исчезне од дома седум дена.

Во таен дневник, кој сега е во рацете на полицијата, Сара ги пишувала своите иакуства кои не смеела никому да ги каже.

Таа во својот дневник детално опишала што и’ се случило – чести расправии со семејството, но и шокантни и непристојни детали од средби со разни луѓе, каде наводно се дрогирала.

Пред да падне во рацете на 34-годишниот осомничен, кој наводно ја дрогирал и силувал една недела откако побегнала од дома, Сара наводно три пати се обидела да си го одземе животот.

Откако бил приведен, осомничениот рекол дека сè се случило во сигласност на девојката.

„Јас не ја силував, таа сакаше да бидеме заедно, и’реков да продолжи со образованието“, рекол наводниот осомничен.

Сара сè уште одбива да се врати дома и моментално е во рацете на социјалните служби.

Таму со неа работат специјалисти, додека многу прашања остануваат неодговорени – што се случило во куќата, зошто родителите не разговарале со неа за проблемите и зошто не сака да се врати дома.