Македонија тагува по Мето Јовановски! Тој ќе остане легенда на македонската глума

Почина познатиот македонски и југословенски актер Мето Јовановски.

Роден е на 17 јануари 1946 година во Панчарев, а дипломирал на Театарската академија во Софија, а истата година се враќа во СФРЈ, каде работи во драмскиот театар во Скопје.

Неговата актерска кариера започна уште пред да ги заврши студиите, на сцената на Народниот театар во Штип. Оттогаш, за кратко време се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Социјалистичка Република Македонија, како и на просторот на цела СФРЈ. Добитник е на бројни награди за улоги во филмови и театарски претстави, како и голем број државни награди и признанија.

Првата филмска улога ја остварува во 1971 година, кога добил улога во филмот „Македонски дел од пеколот“, каде играл партизан. Најважните улоги ги играше во филмовите „Пред дождот“, „Кога ќе попушти денот“ и во филмот „Тетовирање“.