Водачот на шестчлената група вчера беше уапсен за 324 килограми кокаин во Белград и Панчево. Тој е поранешен перспективен фудбалер на Црвена Ѕвезда. Сега има 40 години.
Кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите беше перспективен фудбалер, играше десен бек во Црвена Звезда. Иако му прогнозираа блескава кариера, тој не продолжи понатаму, туку се сврте кон други работи.
Шест мажи од Србија, на чело со него, шверцувале кокаин на океански бродови од Јужна Америка во европските земји, а во септември 2021 година во Солун им биле запленети 324 килограми кокаин.
По неговата фудбалска кариера, во која играше и за Хајдук од Кула, Земун и Зета од Голубовац, како и трагичната смрт на неговиот брат, во почетокот на 2000-тите, тој започна да живее во странство. Поголемиот дел од времето го поминал на Ибица.
Шпанската полиција го уапси во 2014 година со група мажи за трговија со дрога, иако неговата одбрана тогаш објасни дека има дозвола за престој и дека води легален бизнис.
Во тоа време тој изнајмуваше сместување на туристи во Шпанија и тоа му беше официјална работа, но ,,падна” поради дрога со група луѓе и таму помина повеќе од две години во затвор.
Од групата биле одземени пет автомобили БМВ, Ауди, Волво и Мерцедес, како и часовници Ролекс и Филип Патек. Привремено се задржани недвижностите и парите, а во рамки на финансиската истрага блокирани се и поголем број банкарски сметки и недвижен имот.