Убавата Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ продаваат луксузна вила на брегот на Мајами за 16,9 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.
Боба и Брена купија луксузна вила во 2012 година и уживаа да одат таму секогаш кога имаа време, како и нивните деца. Куќата е изградена во 1950 година во типичен монтажен, американски стил и се простира на 400 квадратни метри.
Во дворот има мал базен, а куќата е опкружена со луксузни вили, има две купатила, кујна и трпезарија, а целата е поплочена. Се наоѓа веднаш на брегот и нуди прекрасен поглед на океанот.