Убавата милионерка која уби полицаец нема да оди во затвор: Испукала куршум во главата на таткото на 5 деца, а судот донесе шокантна одлука (ФОТО)

Јасмин Хартин, поранешната партнерка на англиски богаташ, која го застрела полицискиот началник во Белизе, нема да оди во затвор.

Богатата жена беше обвинета за убиство на Хенри Џемот на 28 мај 2021 година, кој почина од прострелна рана во главата.

Според локалните медиуми, Хартин е казнета со 30.000 фунти и 300 часа општествено корисна работа. ,,Канал 5 Белизе” известува дека според пресудата, донесена од високиот суд, таа мора да ја плати казната во рок од 12 месеци или да се соочи со потенцијална 12 месеци затвор.

Таа исто така мора да сними видео за предупредување за опасностите од пијанство и лошо ракување со огнено оружје.

Хартин е поранешна партнерка на Ендрју Ешкрофт, син на познатиот британски бизнисмен и политичар Мајкл Ешкрофт, кој исто така ја носи титулата Лорд. Хартин и Ешкрофт живееле во Белизе со нивните две деца.

За време на истрагата и кривичното судење, беше откриено дека обвинетата богаташка и г-дин Џемот, за кои се знаеше дека се пријатели, се забавувале заедно на островот Амбергрис Кеј ноќта на неговата смрт. Полицијата соопшти дека двајцата се движеле по плажата пред да завршат на пристаништето.

Џемот наводно и’ го дал својот пиштол во еден момент да го спушти додека таа масирала. Таа подоцна им кажала на инспекторите дека била пијана и дека ,,Глок 17″ случајно испукал кога се обидела да му го врати.

Полицијата ја пронашла богаташката раскрвавена и вознемирена во близина на пристаништето.

Телото на загинатиот полициски началник, татко на пет деца, е пронајдено во водата кај Сан Педро, Белизе. Хартин беше обвинет за убиство од небрежност и на крајот се изјасни за виновна во април 2023 година.

Според кривичниот закон на Белизе максималната затворска казна за убиство од небрежност е пет години.

– Сакам само семејството на Хенри сега да има мир и сакам целата работа да биде зад сите нас за да можеме да се излечиме – им рече таа на новинарите пред судот кога се изјасни за виновна.