УБИЕНА МЛАДА МАЈКА (33) СО ПОТЕКЛО ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА Страшно злосторство во Виена: Се се одвивало пред вила од МИЛИОН ДОЛАРИ

Вистинска семејна трагедија се случи во предградието на Виена, кога пред својата вила беше убиена млада мајка (33), по потекло од поранешна Југославија.

Според австриските медиуми, осомничена е нејзиниот поранешен партнер, 35-годишен шведски државјанин, роден во Босна и Херцеговина. Тој веднаш по убиството и се предал на полицијата и.

Инаку, таа потекнува од богато семејство на приватни претприемачи кои имаат компанија во Долна Австрија.

Од полицијата наведуваат дека се уште не е познат мотивот за убиството , но се претпоставува дека причина била расправија по која убиецот извадил оружје. Инаку, се се случи пред неколку сведоци.

Иако убиецот се предал, целата област се уште е под опсада на полицијата , која на лице место сослушува сведоци и ги утврдува околностите на ова тешко убиство.

Според локалните медиуми, убиството се случило пред вила вредна милион евра.