Убиена ќерката на поранешниот тренер на Ѕвезда: Детето на Драган Кобиљски загина во масакрот во Белград (ФОТО)
Ќерката на познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски, Е.К. била убиена во масакрот во основното училиште ,,Владимир Рибникар”.
Полицијата соопшти дека денес во Белград во 8 часот и 40 минути во ОУ „Владислав Рибникар“ дошло до пукање и дека уапсила ученик (14) од седмо одделение.
Во престрелката загинаа осум деца и еден чувар, додека шест деца и еден наставник се ранети и се лекуваат во Ургентниот центар и Тиршова.
Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ откри дека момчето го планирало масакрот еден месец.