,,Убиениот” командант на Црноморската флота: Самоуверено и успешно ги извршуваме задачите (ВИДЕО)

Црноморската флота самоуверено и успешно ги исполнува задачите што и’ ги додели командата, изјави командантот на таа флота, адмирал Виктор Соколов, за кој неодамна западните медиуми објавија дека е убиен.

„Сите задачи се успешно завршени. Во нив учествуваат површински и подморнички сили, поморска авијација, како и крајбрежни трупи“, изјави Соколов за ТВ „Ѕвезда“.

Претходно во украинските медиуми и каналите „Телеграм“ се прошири информација дека Соколов и неколку високи офицери загинале во ракетен напад на режимот во Киев врз седиштето на Црноморската флота во Севастопол на 22 септември.

Ова го соопштија украинските вооружени сили, а другите украински функционери брзо ја пренесоа вестта.

Да потсетиме дека Москва тогаш изјави дека зградата на главниот штаб на флотата била оштетена, а едно лице исчезнало, но не се споменувала смртта на Соколов.

На 26 септември, преку видео конференција, Соколов учествуваше на колегиумскиот состанок на Министерството за одбрана на Русија.