– Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден маж е убиен во пукање што се случило рано утринава на само неколку блока од Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека набргу по пријавувањето на пукањето, мажот бил пренесен во блиската болница, каде што била констатирана смрт, пренесува американскиот ТВ канал Фокс 5.
– Инцидентот се случи утрово на неколку блокови од Белата куќа на улицата К. Полицијата пристигна на местото на инцидентот околу 5 часот по локално време. Таму имаше возрасен човек во несвест, не дишеше, станува збор за убиство, се додава во соопштението.
Полицијата трага по осомничениот напаѓач.