Убиецот од Брисел се огласи на социјалните мрежи: Спомната одмазда и момчето од Палестина кое беше крвнички убиено во Чикаго (ВИДЕО)

Полицијата сè уште трага по напаѓачот кој околу 19:15 часот во центарот на Брисел уби двајца и повреди неколку лица.

На грозоморната снимка се гледа маж во портокалов комбинезон влетува во фоајето на зграда и со автоматска пушка застрелува едно лице, кое дури го вратил да го ,,провери” , а потоа уште две лица во такси. Тој, наводно, цело време извикувал „Алах Екбар“.

Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот објавил на социјалните мрежи на сметката на Slayem Sloum. Во видеото тој на арапски вели дека нападот го извршил во име на Бога.

Slayem Sloum наведува дека е припадник на Исламската држава и дека ќе убива неверници. Тој нагласи дека убил три лица за да ги „одмазди муслиманите“, додека претходно го спомна палестинското момче кое брутално беше убиено во Чикаго.

Федералното обвинителство потврди дека го видело видеото, но не може да потврди дека човекот е напаѓачот.

Напаѓачот избегал со скутер.

Жртвите наводно се шведски фудбалски навивачи кои дојдоа на квалификацискиот натпревар за ЕП меѓу Белгија и Шведска.