Убиството на вереникот на Јелена Карлеуша: Големата љубов на пејачката бил ,,жестоко” момче – таа избегна смрт, па му посвети песна! (фото)

На жестоките момци од белградскиот асфалт не можеа да им одолеат бројни познати пејачки од деведесетите, а меѓу нив е и Јелена Карлеуша, која своевремено излегуваше со Зоран Давидовиќ, попознат како Џанда.

Во 1999 година, пејачката стапи во врска со бизнисменот Зоран Давидовиќ Џанда, кого некои го сметаа за криминалец иако никогаш не беше осуден, а со него помина една година во љубов.

Сепак, љубовната приказна не заврши среќно.

Eдна година подоцна, Џанда беше убиен додека се враќаше од погребот на Бранислав Лаиновиќ во Нови Сад.

Кобниот ден со него починал и неговиот најдобар пријател Иван Стојановиќ, кој според полицијата не бил припадник на белградското подземје.

Бидејќи во тоа време Џанда и Јелена беа неразделни, јавноста се прашуваше дали нешто и’ се случило на Јелена?

Сепак, набрзо на телевизија Студио Б беше објавено кои се жртвите и дека пејачката е добро.

Џанда беше големата љубов на познатата пејачка Јелена Карлеуша, а неговото убиство никогаш не беше целосно расветлено, а пејачката после тоа не се огласи.

Јелена по убиството во бројни некролози напишала: „Единствена љубов моја, чекај ме“.

Тоа беа последните зборови кои таа му ги упати на убиениот вереник.

По неговата смрт, Јелена се врати на сцената во 2001 година со албумот „За свои години“, на кој има посветени песни на Џанда – „Балада за Зоран“, но и хитот „Лудача“.