Убиство во Сараево: Уапсено едно лице

Во сараевската општина Нови Град се случи убиство. 

Оваа информација ја соопшти Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. 

„Денеска, 13 ноември, од страна на полициски службеници на ПУ Нови Град во станот на улица „Босанска “ е пронајдено безживотното тело на жената Е.М.

Утврдено е дека смртта била предизвикана од насилство, соопшти МВР. 

Како што понатаму наведуваат, едно лице е уапсено. 

„Поради основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство, од член 166 од КЗ на ФБиХ, во 20:10 часот на улица „Алеја Липа“ на подрачјето на општина Ново Сараево, А.Б.(1989 г.) e лишен од слобода“, соопшти тамошното МВР.