УБИЦОТ НА ВАЊA ВЕЌЕ БИЛ УАПСЕН ВО ХРВАТСКА!?: Тој е градежен претприемач!

Вања е убиена истиот ден кога била пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември во 07:35 часот. Ја убиле во 10:00 часот.

Според извори на „Канал 5“, сторителот на грозоморното убиство на 14-годишната Вања  е градежен претприемач од Скопје со иницијали Љ.П. , кој неодамна беше приведен во Хрватска, пишува Република.рс. Други извори пишуваат дека тој се уште се наоѓа во бегство во Турција!?

Тој е еден од петтемина осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман. За убиството на велешаните Вања и Панча З.(74) обвинети се пет лица, од кои тројца се во притвор, еден е во бегство во странство, а еден е во полициска станица.

Вања е убиена истиот ден кога била пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември во 07:35 часот. Ја убиле во 10:00 часот.

Потсетуваме, Вања исчезна на 27 ноември во Скопје на пат кон училиште, додека нејзините родители Зорица и Александар се сомневаа дека е киднапирана.

Последен пат била видена на булеварот Партизански ода пред „Броз кафе“, каде се изгубила, а последниот сигнал од нејзиниот телефон бил преку улицата од Универзална сала.