„Уверен сум дека ќе ја продолжиме соработката меѓу нашите земји” – Вучиќ му ја честиташе победата на Фиц во Словачка

Српскиот претседател Александар Вучиќ му ја честиташе победата на Роберт Фиц на парламентарните избори во Словачка.

– Срдечни честитки до Роберт Фиц за победата на парламентарните избори во пријателска Словачка. Убеден сум дека во наредниот период ќе ја продлабочиме соработката меѓу нашите две земји, како и дека заедно ќе работиме на зајакнување на партнерството во овие предизвикувачки времиња – напиша претседателот на Србија аа својот Твитер профил.