УДАРНА ВЕСТ – ПОЧИНА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН!

Десет лица загинаа во пад на приватен авион северно од Москва, а руската управа за цивилно воздухопловство објави дека на списокот на патници се наоѓа и водачот и основач на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, пренесува Sky News.

Седум патници и тројца членови на екипажот се наоѓале во авионот „Ембраер“ кој летал од Москва за Санкт Петербург, објави руската медиумска агенција ТАСС.

BBC исто така пишува дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во Русија.

Според првичните информации, деловниот авион „Ембраер“ се урнал во регионот Твер, сите во него загинаа, наводно потврдиле за ТАСС прес-службата на Министерството за вонредни ситуации на Русија

Авионот ‘Ембраер‘ летал од Шереметјево до Санкт Петербург. Во авионот имало тројца пилоти и седум патници. Сите загинале“, рекол изворот.

Според него, инцидентот се случил во близина на селото Куженкино. Од друга страна, итните служби за ТАСС изјавија дека се пронајдени телата на четири лица. Изворот за ТАСС исто така додал дека авионот се запалил кога удрил во земјата. Федералната управа за авијација започна истрага за несреќата. 

Непотврдени извештаи покажуваат дека приватен авион поврзан со основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се урнал и дека ова е тој исти авион, пишува и угледниот весник The Guardian. Се уште не е познато кој бил меѓу патниците.