УЕФА реши да реагира! Спрема казна за Албанците

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) поведе постапка против Албанија, поради испадот на нивните навивачи на натпреварот против Италија на стартот од првенството во Германија.

Во првото коло од групата Б, „азурите“ по пресврт ги совладаа Албанците со 2:1, а натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд беше нарушен од хулиганите на „црно-црвените“. 

УЕФА покрена истрага поради сомнителното однесување на албанските навивачи пред, за време и  по натпреварот против Италијанците.  Албанците фрлаа предмети на теренот на стадионот во Дортмунд, палеа факели, а еден од хулиганите дури истрча на теренот за време на натпреварот. Европската куќа на фудбалот посочи дека главна причина за покренување дисциплинска постапка е објавувањето на провокативни пораки, несоодветни за спортот.

Засега не се знае каква казна ќе им биде изречена на Албанците за испадите на нивните навивачи. 

Во меѓувреме, албанските хулигани не се смируваат и на тој начин предизвикаа инциденти и заедно со Англичаните и Бошњаците ги нападнаа српските навивачи на улиците на Гелзенкирхен.