Ужасни сцени, група тинејџери застрелале мачка, а потоа го снимиле несреќното животно како умира (Видео)
Сето ова изнервираниот сопственик го открил на видеото од надзорната камера, а потоа во случајот се вклучила и полицијата.
Некои приказни се едноставно болни, а таква е онаа што доаѓа од американскиот Салем, кој се наоѓа во државата Орегон. Група тинејџери застрелале мачка, а потоа го снимиле несреќното животно како умира.
Тоа ја шокираше целата заедница, но најмногу сопствениците на мачката. Тие мислеле дека живеат во безбедна средина, па ја пуштиле својата мачка надвор.
На видеото се гледа мачката како се одмара на аголот на улицата. После тоа, момците доаѓаат. Еден од нив вади пиштол и пука во мачката.
- Откако тоа момче ја застрела, се појавија уште петмина, кои ја снимаа мачката како умира на земја. Како да е забава – изјавила за KGW8 Џеси Стил, сопственикот на мачката, пренесува Daily Mail.
После тоа, младите побегнале. Меѓутоа, неколку моменти подоцна се вратиле, ја земале мртвата мачка и ја однеле во блиската градина, каде подоцна ја пронашле нејзиното семејство. Сопственикот, освен тагата што ја чувствува дека миленикот го нема, е крајно вознемирен и поради злобата на насилниците, за кои се надева дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
- Дали сте горди? Снимивте видео, зошто? За да се пофалите со својот „трофеј“, покажете им го на луѓето, погледнете го видеото сами неколку пати? Се запраша Џеси.
Полицијата открила двајца 17-годишници од групата која ја поврзуваат со ова злосторство. И двајцата ќе одговараат за суровост кон животните, а еден за уништување докази. Сепак, истрагата се уште е во тек, а конкретно се трага по младиот човек кој пукал во мачката.
Сопственикот го памети Вортекс како нежна мачка која им верувала на луѓето.
-Вака луѓето ѝ ја вратија довербата во нив – вели неутешната Џеси.