Ужасот не престанува: Грците објавија ново видео од нападот од Атина, во општиот хаос се слушаат и скандирањата на Хрватите (ВИДЕО)

Судирот меѓу хулиганите на Динамо Загреб и навивачите на АЕК во Атина сè уште е во центарот на медиумското внимание во регионот. Загина 29-годишен навивач на АЕК, а неколку навивачи беа тешко повредени, иако УЕФА забрани гостински навивачи.

Објавено е ново видео од убиствениот напад на хулиганите.

На видеото снимено пред главниот влез на стадионот на АЕК се гледаат неколку лица со качулки како фрлаат топовски гранати и факели.

На местото на настанот владее целосен хаос, а се слушаат и паролите на хрватските навивачи кои го извршија нападот.