Ужас во БиХ: Маж се разнесел со бомба во зграда

Човекот З. К.(68) се самоуби денеска во Дрвар, активирајќи експлозивна направа, потврди портпаролот на МВР на Ливанскиот кантон Ивица Врдољак.

Самоубиството било извршено во 6 часот и 30 минути во станбена зграда на улицата Титова во Дрвар, а полицијата извршила истрага , пишува АТВ.

Врдољак изјави дека истрагата ќе биде спроведена утре во Бања Лука по налог на кантоналното обвинителство.