Грозоморното злосторство беше случајно откриено за време на процесот на селектирање на мешан отпад во фабрика во Акротири, Крит.
Работниците се згрозиле кога во селектор на ѓубре виделе како човечка глава испаѓа од вреќата и веднаш ги известиле надлежните.
Локалните медиуми јавуваат дека најпрво се верувало дека станува збор за женска глава, но истрагата покажала дека се работи за глава на маж со темна кожа, најверојатно со азиско потекло, на возраст од 30-40 години.
Состојбата на телото сугерира дека грозоморното злосторство најверојатно се случило во последните десет дена.
Се верува дека останатите делови од телото се во други кеси. Полицијата во моментов се обидува да утврди кој камион ја донел кесата со глава, бидејќи во таа фабрика оди ѓубре од сите општини на Хање.
Покрај полицијата, во фабриката дошол и лекарски вештак, а треба да се напомене дека во полицијата во последно време нема пријавено исчезнато лице.
Медиумите во Грција велат дека се очекува да биде особено тешко решавањето на злосторството поради затворената заедница на странци со азиско потекло кои се очекува да бидат цел на органите на прогонот.