Кои се луѓето кои сакаат а ги исечат трите прсти на Влаховиќ? Ова е страшна приказна за навивачите на ПСЖ – брука и срам на Европа во 21 век!

Душан Влаховиќ добил луди закани, наводно од навивачите на ПСЖ, дека „ќе му отсечат три прста“?! Тоа беше причина да се изгребе под површината и да се анализира кои се овие луѓе и колку се опасни ваквите закани…

Навивачите на ПСЖ се најекстремните во Европа. Речиси секогаш се во војна со сопствениците, играчите, но и едни со други.

Токму овој конфликт во двете главни навивачки групи на поддржувачи на ПСЖ е погубен за Европа во 21 век.

Во првата деценија од создавањето на групата „Коп од Булоњ“ немаше навестување што ќе се случува во иднина. Го удираа стравот во коските на противничките тимови и така беше се до 1988 година. Тогаш почнаа првите проблеми.

Поради нивното екстремно и насилно однесување, бројот на гледачи на трибините на „Паркот на принцовите“ значително падна, обичните гледачи како и другите навивачки групи се откажаа од доаѓањето на стадионот.

Клубот не сакаше да го прифати тоа, па почна да кани луѓе и други групи да дојдат да го бодрат ПСЖ… За нив беше резервирана трибина спроти онаа каде што се „Момците од Булоњ“.

Примирје? Само очигледно! Во реалноста, беше болно и сурово на трибината каде што беше навивачката група „Булоњ бојс“, тоа беше трибина „само за белци“.

Станаа среќни затоа што не мораа да се дружат и навиваат заедно со други различни раси и етникуми?! А, тие „другите“ беа имигрантското население на Франција и потомците на оние кои дојдоа во Париз од земјите што Франција ги колонизираше. Тие се нарекуваа себеси „Auteville“.

До 2003 година прифатија да навиваат одделно, но да бидат обединети во поддршката на тимот. Но не за долго… Следеа спорни транспаренти на трибините кои само ја продлабочија разликата. Омразата растеше од година во година, а конфликтите пред стадионот беа чести. Дури еден, во 2010 година, имаше фатален епилог бидејќи беше убиен еден навивач.

Помеѓу големиот број на подгрупи навивачи на ПСЖ има и една составена од мигранти од Албанија. Токму со нив се поврзува оваа порака до Влаховиќ.