УЖАС ВО ШПАНИЈА: Поплавите одземаат животи! ХОРОР видео од метрото во Мадрид, водата навлегува, патниците во паника (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати по обилните врнежи кои предизвикаа големи поплави во централна Шпанија во неделата и рано утринава. Во текот на денот на социјалните мрежи се шират драматични видеа од цела Шпанија , а едно од највознемирувачките е од метрото во Мадрид.

Како што може да се види на видеото објавено на социјалната мрежа Твитер (платформа Х), патниците на подземен воз снимиле морничава глетка, имено низ прозорецот виделе дожд буквално врне, а вода се слева по вратата и се качува во вагонот со голема брзина.

Со оглед на тоа дека дождот паѓаше се посилно, а вагонот се полнеше со вода, патниците во паника избегаа на другиот крај на метрото.

– За момент ми падна на памет дека ќе треба да почнам да нуркам – се наведува во описот на видеото.

Некои видеа покажуваат поплавени улици и порој од вода што носи се пред себе. Се гледаа делови од мебел како лебдат по улиците, цели градби се уриваа, контејнери и автомобили пливаа.

Да потсетиме, ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал во областите Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.

Во многу области падна град, пренесува Ројтерс.

Две лица загинаа

Две лица загинаа во рурална област околу Толедо, изјави портпаролот на полицијата.

Еден човек и неговиот син исчезнале кога нивниот автомобил паднал во реката Алберче во градот Алдеа дел Фресно во регионот на Мадрид, а момчето било спасено.

Во тек е потрага по 54-годишна жена и 83-годишен маж, додава Ел Паис.Неколку патишта во областа Мадрид беа затворени, а неколку мостови се урнаа кога водата се излеа од бреговите на реките.

Во центарот на Мадрид денеска беа суспендирани и неколку линии на метрото, но повеќето беа обновени во поголемиот дел од градот.