УЖАС НА ЈАДРАНСКОТО МОРЕ! Се удавиле татко и две деца: Едниот син го однел бран додека таткото и братот се обидувале да го спасат
Татко и две деца се удавиле во Јадранското Море во близина на албанскиот град Кавај. Според првичните информации, се удавиле Елвис Халилај (50 г.) од Тирана и неговите два сина на возраст од 13 и 15 години.
„Поради силните струи во попладневните часови, брановите го одвлекоа едното дете додека таткото и другиот син се обидуваа да стигнат до него, но струјата ги однесе“, изјавил новинарот на ABC News. Според посетителот на плажата, итната помош пристигнала на местото на настанот со час и половина задоцнување.
Тие изјавија и дека на местото на трагедијата немало крајбрежна стража.
„На плажата Виле-Боштово тројца граѓани членови на исто семејство се удавиле додека пливале во морето. Единицата на поморска полиција се обидела да ги спаси. Истражната екипа е на местото на несреќата и работи на целосно расчистување на околностите на настанот“, соопшти полицијата за тамошните медиуми.