Мајорот Асим Џавад (32), припадник на Военото воздухопловство на Бангладеш, загина откако тренажниот лесен авион „Јаковљев Јак-130“ се лизна на пистата при повеќекратно превртување, а потоа се запали.
Несреќата се случи на 9 мај во градот Чатограм, во Бангладеш, а видеото се прошири на социјалните мрежи и стана вирално последниве денови.
Џавад и неговиот копилот, полковникот Сохан Хасан Кан, успеале да скокнат од авионот пред да удри на земја.
Двајцата наводно слетале во реката Карнапула и веднаш се извлекле од неа. Џавад и Кан биле пренесени во блиската болница каде Џавад починал, а Кан е наводно во критична состојба.
Одделот за односи со јавноста на Владата на Народна Република Бангладеш соопшти дека причина за несреќата е механички дефект и дека се случила надвор од густо населена област.
Она што го забележале безбедносните камери е дека несреќата се случила за време на летот на мала висина.
Video shows how Bangladesh Air Force Yak-130 crashed, video further shows that the pilot lost the control over the jet……. https://t.co/H9ddNC5221 pic.twitter.com/xcgqeqyjSe
— ENTEI (@ZEUS_PSF) May 13, 2024