Узбуна над небото над Севастопол! Украинците повторно го нападнаа пристаништето на Крим, руските власти апелираат до населението да не паничи (ФОТО)

Руската воздушна одбрана е активирана денеска во Севастопол, а според првите информации делови од ракетата паднале во областа Сухарна Балка, соопшти гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.

– Според прелиминарните информации, во Севастопол била активна противвоздушна одбрана. Остатоците од ракетата паднале на пристаништето во областа Сухарна Балка. На лице место излегле сите специјалци.

Ве молиме останете смирени – напиша Развозајев на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Во Севастополскиот залив е прекинат поморскиот патнички сообраќај, соопшти Дирекцијата за развој на градската сообраќајна инфраструктура.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека во украинскиот ракетен напад врз Севастопол загинал еден војник и дека е оштетена зградата во која се наоѓа седиштето на руската Црноморска флота..