УКРАИНА ГО НАПАДНА КРИМ СО ДРОНОВИ: Русите прогласија вонредна состојба (ВИДЕО)

Претходната ноќ украински дрон го погоди селото Раздолжноје.

Во областа Красногварде на северот на Крим, напад со беспилотно летало предизвика детонација во складиште за муниција, изјави денеска во својот канал Телеграм началникот на регионот Сергеј Аксјонов .

Според првичните податоци, нема штети или жртви – рече тој.

Аксјонов додаде дека оние кои живеат на пет километри од местото каде што е прогласена вонредната состојба ќе бидат евакуирани во центри за привремено сместување.

Сообраќајот на кримската пруга исто така беше прекинат од безбедносни причини .

Според шефот на Крим, властите во регионот очекуваат дека за кратко време ќе бидат отстранети последиците од вонредната состојба.

Сите оперативни информации ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за транспорт на Република Крим и други официјални ресурси – додаде тој.

Аксјонов рече дека вооружените сили на Украина направиле обид со беспилотни летала да ги нападнат инфраструктурните објекти на областа Красногварде.

Сите специјализирани служби, вработени во Министерството за вонредни состојби работат на лице место за отстранување на можните последици.

Крим редовно е мета на беспилотни летала, силите за воздушна одбрана соборија дрон во централниот дел на полуостровот во четвртокот попладне.

Претходната ноќ украинско беспилотно летало го погоди селото Раздолноје, северозападно од Крим.

Во нападот е убиена тинејџерка.