НАУТРО ЧУВА 1.800 КОЗИ, А НАВЕЧЕР ГЛУМИ ВО ТЕАТАР: Актерот го покажа својот имот на село, а многу сакал да вози камион (ФОТО)

Има три деца и 1.800 кози.

Бранко Јанковиќ, најпознат по улогите во сериите „Воена академија“ и „Тејт“, успеа да ги спои навидум неспоивото – уметност и земјоделство. Популарниот актер, кој напорно работи и во театар и пред камери, е подеднакво зафатен и на својата фарма каде има 1.800 кози. Надалеку се познати производите што ги прави од козјо млеко.

Бранко ја пречека екипата на ТВ-персонално шоу како и секој нормален човек во селото Гуњаци, во западна Србија.

‒ Ова е куќата во која сум роден, дедо ми и прадедо ми, а сега тука растат моите деца – истакна тој.

Мајката на Јанковиќ откри дека тој како дете бил тивок и повлечен. Секој ден пешачел четири километри во една насока до основното училиште кое го завршувал во родниот крај. Неговата најголема желба била да вози камион, поради што се запишал во средното сообраќајно училиште во Земун, а тоа значело живеење во студентски дом.

‒ Осуммина спиевме во една соба, имавме заедничка бања. За да си ја осигурам егзистенцијата, работев разни работи преку младинската задруга. Во домот имаше многу активности, па одев на веронаука и часови по шах и таму се заинтересирав за глума.

Факултетот се обидел да се запише во Белград, Нови Сад и Цетиње, а бил примен во Бања Лука. Во тој град ја запознал жената на својот живот Наташа, која исто така е актерка.

‒ Се гледавме во поминување. Ми се чинеше постар, дури имав желба да му персирам. Еден ден ме покани на кафе, во една стара кафана. Таму ми рече: „Ќе ми бидеш жена“. Во декември те носам дома кај мене, на слава.“ Иако сето тоа ми звучеше неверојатно, така беше – изјави сопругата на Бранко, која за доброто на семејството ја стави својата кариера на втор план.

Семејството Јанковиќ има две ќерки и еден син. Како што велат, тие се привилегирани што нивните деца можат да растат во Белград, но и во недопрена природа, опкружени со домашни животни и уживајќи во играњето под отворено небо.

‒ Луѓето сакаат да ги истакнуваат лошите страни на животот, крајно негативните. Навистина сакам да имам мисија да го направам животот како сончев ден – изјави актерот кој ја освои публиката како кадет Џаковиќ.