СЕ ОГЛАСИ ВАНДА НАРА ПО ВЕСТА ДЕКА ИМА ЛЕУКЕМИЈА: Се обидов да ги сокријам своите стравови и вознемиреноста од моите деца… (ФОТО)

Новинарот Хорхе Ланата во емисијата „Радио Митре “ истакна дека неколку извори блиски до сопругата на Мауро Икарди потврдиле дека таа боледува од опасна болест.

Тој тврди дека Ванда Нара има леукемија бидејќи било откриено дека е примена во болница поради нешто сериозно.

Неколку дена подоцна се огласи и самата Ванда која не сакаше да открие детали за нејзината здравствена состојба.

„Добар ден на сите, еве ме по неколку дена што ми беа потребни за себе. Сакам да ви кажам што се случи.

Во средата решив да направам систематски преглед , како што обично правам секогаш кога патувам или еднаш годишно. Некои вредности не беа добри и решив да останам во болница за да направам дополнителни прегледи . Во четвртокот ја напуштив клиниката за да продолжам со прегледите во институција која е специјализирана за тоа за да да дознаам повеќе информации за резултатите од моите први тестови.

Како и сите мајки, се обидов да ги сокријам моите стравови и грижи од моите деца. Особено што сè уште немам точна дијагноза. За жал, во петокот од медиумите ја дознаа дијагнозата, за која се уште немам потврда.

Моите деца секогаш ги добиваа сите информации од мене, секогаш им кажував се и ова нема да биде исклучок. Но, би избрала да го направам тоа кога ќе имам повеќе информации за моето здравје и во време по мој избор.

Благодарна сум на моето семејство, на секој пријател и на секој од вас што ми ја покажа љубовта што ја имате кон мене. Веќе сум дома, чекам повеќе тестови и ги следам упатствата на професионалците кои се грижат за мене . Ќе остане приватно затоа што особено сакам да ги заштитам моите деца“, рече Ванда на Инстаграм.