Украина го покани Си Џинпинг на “мировен самит“: “Ќе разговараме за планот за имплементација на мировната формула“

Украина го покани претседателот на Кина, Си Џинпинг, да учествува на планираниот „мировен самит“ на светските лидери во Швајцарија, соопшти Ихор Зовка, главен дипломатски советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, додека руската инвазија се приближува на втората годишнина.

Кина има блиски врски со Русија и се воздржува од критики за нејзината инвазија на Украина, но често вели дека суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји мора да се почитуваат и понуди да помогне во посредувањето во конфликтот.

Дефинитивно ја покануваме Кина да учествува на самитот, на највисоко ниво, на ниво на претседателот на Народна Република Кина“, порача Ихор Зовка во интервју за медиумската агенција Reuters оваа недела.

Учеството на Кина ќе ни биде многу важно. Работиме со кинеската страна. Ги вклучуваме нашите партнери во светот за да и пренесеме на кинеската страна колку е важно да се учествува на таков самит“, додава Ихор Зовка.

Претседателот на Кина, Си Џинпинг и претседателот на РусијаВладимир Путин, прогласија партнерство „без граници“ во Пекинг само три недели пред руската инвазија на Украина на 24. февруари 2022 година. Оттогаш, Кина драматично го зголеми увозот на руска енергија.

Владимир Путин вели дека инвазијата била неопходна за да се заштити безбедноста на Русија, додека Киев и Запад велат дека неиспровоцираната војна е за агресија и грабеж на земјиште.

Неутралната Швајцарија се согласи да биде домаќин на украинскиот мировен самит за Украина на барање на Володимир Зеленски, но датумот и локацијата сè уште не се одредени.