Украина – министерот избега од земјата, и тоа на шокантен начин: Замина заедно со Зеленски, а потоа…
Украинскиот министер за национално единство Алексеј Чернишов не се врати од работната посета на Австрија, каде што престојуваше заедно со претседателот Володимир Зеленски претходните денови.
– Вицепремиерот Алексеј Чернишов, како што се очекуваше, не се врати во Украина – напиша на Фејсбук Михаил Ткач, раководител на истражувачкиот оддел на весникот „Украинска правда“.
Ткач потсети дека на крајот од минатата недела, Националното биро за борба против корупцијата и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата на Украина започнаа истрага против неколку поранешни соработници на Чернишов во Министерството за регионален развој и државната енергетска компанија Нафтогас, поради сомневање за нелегално богатење.
– Според информациите на изворите на Украинска правда од безбедносните служби, Чернишов воопшто не ја преминал границата на враќање – додаде новинарот.
На 16 јуни, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше во Виена, каде што одржа средба со претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен. По разговорот, австрискиот претседател изјави дека Австрија не може, ниту пак сака, да ѝ пружи воена помош на Украина поради својата неутралност, но дава поддршка во областа на медицината и енергетиката.
Ван дер Белен нагласи дека Виена гледа значајни економски придобивки од учеството во обновата на Украина, разурната од војната.